Здружението на пензионери од Македонска Каменица се подготвува за уште едно издание на најголемата традиционална манифестација „Бабина Баница 2024”, која и годинава ќе се одржи на манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, Македонска Каменица.
– Повелете, на 2 јуни, со почеток од 10:30 часот, заеднички да го проследиме настанот со традиционално приготвување на баница под вршник, со богата културно уметничка програма, музика, песни и ора – велат во поканата од организаторите на манифестацијата Здружението на пензионери од Македонска Каменица, а реализација е помогната и од Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса”.