ДИК: Излезноста до 17 часот изнесува 45,88 проценти

45
До 17 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 2071 односно 45,88%, соопштија од ДИК.

 

Во ИМ 2101 во Желино гласале 503 гласачи односно 50,65%. Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 270 гласачи односно 57,57%.  Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 85 гласачи односно 28,52 %.  Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 306 гласачи односно 43,04%. Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 281 гласачи односно 42,71%.  Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 234 гласачи односно 37,03%. Во ИМ 1844 во Струга, гласале 392 гласачи односно 52,06 %.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 17 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 0,14% на овие избирачки места.