И преку операторот МТЕЛ наскоро ќе можат да се плаќаат паркинг услугите на ЈП ПОЦ  

1188

Наскоро сите корисници на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ ќе можат да го регулираат паркирањето на комерцијалните зонски паркиралишта со стопанисува  јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

Директорите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и телекомуникациската компанија МТЕЛ, Душко Коцевски и Марко Лопичиќ, на денешната работна средба потпишаа договор преку кој се овозможува наплата на паркинг услугите со СМС пораки на бројот 141414.

-Воведувањето на мобилниот оператор МТЕЛ за наплата на паркинг со СМС освен постојните оператори, ќе овозможи поголема флексибилност и ефикасност за корисниците на паркинг услугите на ЈП ПОЦ. Оваа соработка ја потврдува посветеноста и на двете компании кон воведување на современи и кориснички ориентирани услуги за граѓаните, но и воспоставување на долгорочно партнество со цел задоволување на потребите на корисниците – соопштија од претпријатието.