Договорен е наследникот на Кевин де Бруин!

1180

Манчестер Сити е познат како клуб кој многу вложува во играчкиот кадар. Освен што ангажира големи ѕвезди, англискиот премиерлигаш многу се грижат и за младинскиот оддел.

Не е мал бројот на играчи кои Манчестер Сити ги произведе во последниве години како матичен клуб или како клуб кој ги донесе на навистина рана возраст.

Пред неколку дена тимот од „Итихад“ заврши уште еден трансфер, ги исплати побараните пари, а потписот официјално ќе депониран во 2027 година.

Како што најави познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо, во 2027 година, сега 14-годишниот Каван Саливан ќе стане член на Манчестер Сити.

Станува збор за офанзивен играч за врска кој игра за Филаделфија Унион во Соединетите Американски Држави.

Роден е на крајот на септември 2009 година, па на „Итихад“ ќе пристигне на речиси 18 години.

Романо исто така истакна дека за неговите услуги биле заинтересирани уште неколку големи европски тимови, но на крајот Сити победил во трката за неговиот потпис.

И покрај тоа што е сè уште многу млад, Саливан има два настапи за првиот тим за Филаделфија Унион оваа сезона.

Тој не разочара, со оглед на тоа што одлично ја искористи својата шанса и забележа една асистенција.

Исто така, Саливан игра и за репрезентацијата на САД до 16 години и досега има девет настапи со пет постигнати гола.

Кевин де Бруин сега има 32 години и доколку дотогаш не го напушти Манчестер Сити, белгискиот интернационалец и Саливан ќе се борат за место во стартните 11, но најреални се очекувањата дека Американецот ќе биде наследник на белгискиот магионичар.