Брисел до Скопје: Договорот за промена на името мора да се почитува

191

Европската комисија денеска ги повика Скопје и Атина да го почитуваат договорот за промена на името од 2018 година. Ова го изјави портпаролот на Европската комисија за Еурактив и нагласи дека Договорот од Преспа мора да го спроведат сите страни.

Од своја страна, Европската комисија вели дека сите страни треба да се држат до договорот.

„Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински за процесот на проширување. Постојните билатерални договори треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција“, изјави портпаролот на Европската комисија за „Еурактив“.

Ратификацијата на трите протоколи предизвика политичка полемика во Атина.

Протоколите, кои се дел од договорот од Преспа, се однесуваат на одговорностите на Грција во однос на контролата на воздушниот простор на Северна Македонија и му обезбедуваат на Скопје обука и знаење за прашањата на ЕУ, пренесува „Еурактив“.