Колку е суров светот на спортот, потврдува и најновиот пример од Франција. Имено, вицешампионот на оваа земја во кошарка и тимот кој го даде првиот пик на НБА драфтот оваа сезона, Виктор Венбањама, Митрополитен Булоњ, престанува да постои!
Victor Wembanyama’s former team, Metropolitans 92, has gone bankrupt, per @BasketNews_com
“According to a report from Le Parisien, Metropolitans 92 have informed the French basketball authorities that they can no longer participate in any competition.” 😳 pic.twitter.com/H8XSEKu5Lt
— NBACentral (@TheDunkCentral) May 14, 2024
На крајот од регуларниот тек на француската елита клубот испадна во понизок ранг, но поради финансиски проблеми не само што не ги достави документите за лиценца и играње во втора лига, туку беше донесена одлука да прогласи стечај и да се повлече од сите конкуренции.
Тимот кој пред само една година играше во финалето на францускиот шампионат каде беше поразен од Монако, очигледно не може да најде финансиска конструкција за учество во ниту едно натпреварување.
Метрополитен е основан во 2007 година како наследник на легендарниот клуб Париз Баскет Рејсинг, кој беше затворен во 2006 година.
Покрај Венбањама кој беше драфтуван во НБА од Метрополитен, од истиот тим излезе и Билал Кулибали кој беше избран од Вашингтон од седмата позиција.