Македонскиот ракометен репрезентативец Мартин Томовски, по завршувањето на обврските во актуелната сезона во редовите на Вардар, се сели во силната Бундеслига. Тој ќе го облече дресот на Потсдам, кој оваа сезона обезбеди промоција во најсилната ракометна лига и воедно ќе се обиде да избори опстанок во елитата. Томовски во Потсдам доаѓа како замена за првиот чувар на мрежата оваа сезона, Ласе, кој го напушта клубот.

Ова воедно ќе биде петти клуб во кариерата на Томовски, кој воедно беше дел и од Пролет, Металург и Лудвигсхафен во Германија.