Министерот за правда, Кренар Лога на социјалните мрежи информира дека добиле повратна информација од турските власти за екстрадицијата на Љупчо Палевски осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес.
На Фејсбук статус Лога напиша:
„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда.“
Палевски е осомничен за двете убиства на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски, а во бегство е од крајот на ноември.
Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во училиште. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.
За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.