Просото содржи клучни аминокиселини кои помагаат во изградбата и регенерацијата на мускулите и клетките на кожата. Исто така, богато е со јаглехидрати и брзо дава чувство на ситост, а освен тоа го помага и процесот на слабеење.
Со оглед на тоа што е лесно сварливо, просото е една од житарките што им се дава на децата како прва цврста храна.
Оваа житарка содржи и природни масти, кои се неопходни за апсорпција на витамини, вклучувајќи каротин и витамин Д.
Кашата од просо помага и за здравјето на нервниот систем, поради витаминот Б1 што го содржи, а поради изобилството на витамин Б5 полесно се ослободуваат стресот и притисокот. Особено добро влијае на здравјето на постарите луѓе, бидејќи позитивно влијае на здравјето на мозокот, меморијата и физичките способности.
Просото содржи и многу железо и магнезиум, а кардиолозите го препорачуваат како намирница што треба да се јаде што почесто, бидејќи е полна со калиум, кој помага во борбата против срцевите заболувања, го нормализира крвниот притисок и ги зајакнува крвните садови.
Ви пренесуваме 2 рецепти за просо кои мора веднаш да ги вклучите во исхраната:
Просо и зеленчук
Потребно е:
1 шолја просо
1 главица кромид
1 чешне лук
1 рендан морков
300 грама слатка пченка
малку масло, малку сол и бибер, една лажичка куркума.
Подготовка: На малку масло пропржете го кромидот и ренданиот морков. Додадете слатка пченка и ситно сечкан лук. Се динста, па се додава добро измиено и филтрирано просо и зачини. Измешајте сè, истурете вода да ја покрие целата смеса и оставете да се крчка на тивко околу 10 минути. Промешајте и тргнете од оган.
Пудинг од просо
Потребно е:
1 шолја просо
1 јаболко
1 круша
цимет
мед
Подготовка: Сварете го просото и исцедете го. Излупете ги и сварете ги јаболкото и крушата. Просото, вареното јаболко и крушата измешајте ги во блендер. Додадете мед и цимет и послужете сè како пудинг.