Советот на Општина Карпош ја усвои Одлуката за утврдување на реони на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа.
Од Општина Карпош информираат дека на тој начин може да се утврди во кое основно училиште може да се запише првоодделенецот во согласност со местото на неговото живеење.