Се продава домот на рок-ѕвездата Фреди Меркјури – „Боемска рапсодија“ ќе има нов сопственик 

466

„Беше радост да се живее во неговиот луксузен дом, кој сега е претворен во спомени и тага“. Вака велат луѓето што го посетиле домот на светската рок-ѕвезда Фреди Меркјури, пејачот од групата „Квин“. Домот е празен откако почина Фреди од сида.

Од пред некое време, како таков, се продава неговиот дом за фантастична сума од 30 милиони фунти (односно 38 милиони американски долари). Фреди го купил овој прекрасен дом во 1980 година. Се наоѓа во западниот дел на Лондон и се состои од: раскошна јапонска дневна соба, бар-библиотека, музички центар, спални соби со стилски мебел, перфектна бања што потсетува на море… Трпезаријата е обоена во цитрусножолта боја, омилената боја на Меркјури, со тонови на скапоцен камен на корнизите во собата.

Меркјури ја користел дневната соба за да ја компонира безвременската „Боемска рапсодија“. Инаку, таа дневна нуди поглед на градината, во која има големи дрвја магнолија и водни карактеристики „инспирирани од ориентал“.                                    Во главниот апартман на имотот се влегува преку соблекувалната на Меркјури, каде што ги чувал својата облека и сценските костими. Собата е како огледало од подот до таванот, со повеќе врати од шкафови.

По неговата смрт, за неговиот дом се грижи неговата блиска пријателка, Мери Остин. Таа сега има 75 години, а лани стави на аукција околу 1.400 предмети на Меркјури, не можејќи веќе физички да се грижи за неговиот дом. Почна да го продава сето тоа.        – Собите во домот на популарниот пејач останаа полни со љубов и топлина, каков што беше и Фреди – кажа Остин во соопштението за новинарите.