Откако Наполи за големи пари успеа да ги продаде Едисон Кавани и Гонзало Игуаин, сега наводно го има продадено и Виктор Осимен за 120 мил. евра.
Долго време се зборуваше дека битката за потписот на нигерискиот интернационалец ја воделе ПСЖ и Челзи, а на крајот, според тврдењата на новинарите, се испоставило дека еден од овие два тима излегол како победник.
Имено, Италијанците тврдат дека ПСЖ го завршил договорот со Наполи и дека Осимен ќе замине во Париз и тоа за 120 мил. Напаѓачот на актуелниот шампион на Италија во следните неколку сезони ќе има годишна плата од 13 мил. евра.
Првиот човек на „азурите“, Аурелио Де Лаурентис најави продажба на Осимен на крајот на сезоната и ја започна потрагата по неговиот наследник.
Досега рекордот на Наполи го држеа Игуаин кој во 2016 година замина во Јувентус за 90 милиони и Кавани кој пред десет години потпиша за ПСЖ во трансфер вреден 65 мил. евра.
Со оглед на сумата која ПСЖ на крајот ќе му ја исплати на Наполи, Осимен би требало да биде директна замена за Килијан Мбапе.
Да потсетиме, Килијан Мбапе и Реал (М) пред неколку недели склучија и потпишаа договор според кој францускиот напаѓач од 1 јули ќе стане нов играч на „кралскиот клуб“, јавуваат новинарите на Марка.