Карлеуша без сопругот Дуле на полноќна забава жешко се журкаше на хитот со Здравко Чолиќ „Главо луда“

665

Пред некоја ноќ, Карлеуша беше видена со пријателите на еден белградски сплав. Без нејзиниот Дуле. Повеќе од одлично расположена, а за модните крпчиња кои ги имаше на себе, секој што ја виде, едноставно занеме. Покрај линијата што ја доведе до совршенство, сите беа воодушевени и од нејзиниот секси тантела-стајлинг.

„Мала од скандала“, контроверзната пејачка Јелена Карлеуша не излегува многу да се журка низ белградскиот полноќен живот. Но кога тоа ќе ѝ се случи, нејзиното ноќно журкање не може да остане незабележано. Карлеуша тогаш сите ги остава без здив. Сите погледи на присутните се вперени само во неа.

Така и пред некоја ноќ, Карлеуша беше видена со пријателите на еден белградски сплав. Без сопругот Дуле. Повеќе од одлично расположена, а за модните крпчиња кои ги имаше на себе, секој што ја виде, едноставно занеме.

Покрај линијата што ја доведе до совршенство, сите беа воодушевени и од нејзиниот секси тантела-стајлинг.

Секси-Јеца за време на вечерата со пријателите беше многу провокативна: облечена (или соблечена) во црни длабоки гаќички и  со интересни чорапи од тантела, заедно со интересен винтиџ-ланче „Шанел“, надополнето со алки од брендовите „Картие“, „Ван Клиф и Арпелс“. Сè на сè, за „ситните“ 28.000 евра. Карлеуша откако заврши со гала-вечерата, стана и да танцува. Во ритамот на грчките сиртаки-хитови, но и најсилните нејзини танци и секси движења со телото беа додека ди-џејот ја пушташе хит-песната „Главо луда“ со Здравко Чолиќ. Сосема јасно дека главата на Јелена е честопати и луда и забавно-интересна. Како и нејзиното (с)облекување.   Д.М.