Второпласираниот тим на италијанската Серија А, Милан, е на добар пат да ја продолжи соработката со францускиот интернационалец Тео Хернандез. Италијанските медиуми открија дека офанзивниот бек е подготвен да ја прифати понудата за продолжување на соработката до 2028 година, а според новиот договор Французинот ќе има годишна плата од најмалку 6 мил. евра.