Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем повторно се вклучи во трката по потписот на мексиканскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Холандија, тимот на Феенорд. Сантијаго Хименез. Робусниот напаѓач сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, а од неговата продажба, тимот на Ротердам очекува заработка не помала од 50 мил. евра.