За 250 години независност САД добива од Јапонија 250 стебла цреши

55

Јапонскиoт премиер Фумио Кишида најави за време на посетата на Вашингтон дека на САД ќе им подарат 250 стебла цреши за прослава на 250-годишнината на независноста.

-Како гест на пријателство Јапонија ќе обезбеди 250 цреши кои ќе бидат насадени по повод 250-годишнината на вашата независност, рече Кишида, за време на говорот пред американскиот Конгрес во Вашингтон, додавајќи дека САД прават голема работа уредувајќи ги парковските области во Вашингтон, пренесе „Ројтерс“.

Кишида е вториот јапонски премиер кој се обраќа на заедничкиот состанок на Претставничкиот дом и Сенатот на САД, по неговиот претходник Шинзо Абе, кој пред Конгресот зборуваше во април 2015 година.