Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, вели дека резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината, бидејќи приходите наплатени од Царинската управа во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарди денари или 7 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. Приходите од ДДВ при увоз во првото тримесечје годинава изнесуваат 17,9 милијарди денари, или за 4,6 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година
Приходите наплатени од Царинската управа во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарди денари или 7 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, вели дека резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината.
– Растот на царинските приходи значи поголеми приливи во Буџетот, односно повеќе пари за изградба на патишта, училишта, болници. Ова е нашата цел, која како што покажуваат резултатите, ја остваруваме, вели Богоев и притоа додаде дека остварените резултати значат поголема ефикасност на институционалните капацитети во наплатата на приходи, подобрување на услугите и сузбивање на корупцијата.
Приходите од ДДВ при увоз во првото тримесечје годинава изнесуваат 17,9 милијарди денари, или за 4,6 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, приходите од царина се зголемени за 14 проценти, приходите од акциза од енергенти се зголемени за 12,5 проценти, приходите од акциза од алкохол и алкохолни пијалоци за 8,3 проценти, додека од тутунски производи за 6,3 проценти. Наплатата на данок на моторни возила во однос на минатата година е зголемена за 153,7 милиони денари или за 33,9 проценти, споредено со првото тримесечје минатата година.
Во последната анкета на Советот на странски инвеститори Царинската управа е орган од чија работа инвеститорите се најмногу задоволни.