Близок извор до таборот на актуелниот европски клупски шампион и бранител на тронот во Премиер лигата, Манчестер Сити, откри дека клупските челници планираат за време на летниот преоден рок да стават крај на соработката со Калвин Филипс. Искусниот играч за врска вториот дел од актуелната сезона го одработува како позајмен играч во дресот на Вест Хем, но „чеканите“ немаат право да го откупат неговиот договор.