БИЗАРНО: Повлечени од продажба германските дресови со бројот 44

107
Фото: screenshot X Andrés Weiss

Германскиот производител на спортска опрема Адидас и Германската фудбалска федерација (DFB) ја прекинаа продажбата на новиот национален дрес со број 44 по критиките дека личи на логото на нацистичката организација СС.

„Ќе престанеме да ги персонализираме дресовите во нашите онлајн продавници“, објави портпаролот на Адидас, Оливер Бриген.

До понеделник попладне веќе не можеше да се персонализираат дресовите со лични имиња и броеви. DFB, пак, ја прекина испораката на дресови со број 44 веќе нарачаи во онлајн продавницата.

Корисниците на социјалните мрежи неодамна забележаа дека бројот 44 на новодизајнираниот дрес, претставен минатиот месец, наликува на логото на Schutzstaffel (SS), паравоена организација контролирана од нацистите и Адолф Хитлер.

Адидас се најде на удар на критики поради ова, но Бриген тврди дека DFP и неговиот партнер 11teamsports биле задолжени за дизајнирање на имињата и броевите.