Една девојка со која бев во лифтот од мене побара…

18117

Чави Хернандез направи фантастичен потег минатото лето кога одлучи да го земе Ламин Јамал со првиот тим на Барселона, а тинејџерот максимално ја искористи својата можност да покаже каков неверојатен потенцијал поседува.

Веќе на почетокот на сезоната беше јасно дека Јамал ќе има минутажа, а со своите игри веднаш ја воодушеви фудбалската јавност и за кратко време стана еден од најважните играчи во тимот.

Животот на овој 16-годишник се смени преку ноќ откако дебитираше за Барселона, а набргу потоа стана и репрезентативец на Шпанија, за што не ни сонуваше дека ќе му се случи толку брзо.

Неодамна го продолжи договорот со Барселона, во кој има откупна клаузула од милијарда евра, а јасно е дека Јамал е иднината на каталонскиот клуб и дека во наредните години тимот најверојатно ќе се гради околу него.

Покрај популарноста, Јамал почнал да заработува и сериозно, па неговите родители повеќе не мора да се грижат за финансиите. Покрај платата во Барселона, има се повеќе спонзорски соработки, а особено се издвојува онаа со „Адидас“.

Јамал зборуваше за тоа колку му се променил животот неодамна во интервјуто кое го даде, а во истото интервју доби и интересно прашање.

Јамал откри која е најчудната ситуација што му се случила во претходната година откако стана првотимец на Барселона, а откри дека тоа се случило кога еден ден бил во лифт со девојка која не ја познавал.

„Најчудното нешто што ми се случи? Тоа беше со една девојка кога бевме во лифтот. Таа дојде до мене и ми рече: „Дај ми го бројот на мобилниот телефон, ми треба. Не сакам ништо, сакам да го имам твојот број’. Не знаев што да и кажам, таа навистина ме фати неподготвен“, изјави Јамал.

Сепак, играчот на Барса не откри дали на девојката навистина и го дал неговиот број, иако многумина претпоставуваат дека не го направил тоа.

Но, тоа само покажува колку се променил животот на ова момче за само неколку месеци. Од тотално анонимен до фактот дека сега е меѓу најголемите ѕвезди на Барселона.