Хрватите се апсолутни рекордери за пријавување земјотреси: Реагираат бурно и на најмал потрес

425
Фото: screenshot

Хрватите се апсолутни рекордери за пријавување земјотреси до Европскиот медитерански центар (EMSC), кој има интернет платформа за регистрирање земјотреси, вели сеизмологот Крешимир Кук.

Кук гостувајќи во емисијата „Добро утро Хрватска“ на ХРТ зборуваше за годишнината од силниот земјотрес што го погоди Загреб пред четири години и истакна дека се случува и на секој најмал потрес, кој едвај се чувствува во потесното епицентрално подрачје, граѓаните бурно да реагираат и ги пријавуваат своите искуства во ЕМСЦ.

– На некој начин е изненадувачки бидејќи се работи за слаби земјотреси, но тоа е показател дека луѓето се немирни, несигурни, дека се уште не сме заборавиле, наведе Кук.

Тој потсети дека во последните денови имало неколку послаби земјотреси во областа на Загреб, за кои многумина пријавиле во ЕМСЦ.