Македонскиот дуел во АБА2 лигата му припадна на актуелниот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, кој славеше над градскиот ривал ТФТ Моцарт со 95:69, во рамки на 11. коло од регионалната лига.

По оваа победа МЗТ Скопје се искачи на второто место на табелата и на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбеди пласман во плејофот.

Најзаслужен за овој триумф на тимот од Аеродром беше Марко Баковиќ со 22 поени и осум скока, додека на спротивната страна најефикасен беше Верц со 14 коша.

Во моментов МЗТ е втор со биланс 8-3, Пелистер е на 9. место со ефект 5-6, додека ТФТ е 13-ти со само две победи и девет порази.

Во следната рунда која исто така ќе се игра во Широки Бријег, Пелистер ќе игра со Подгорица (утре 18 часот), ТФТ ќе се соочи со Војводина (утре 21 часот), додека МЗТ ќе се сретне со Златибор (петок 15 часот).