Себични се, вашите потреби никогаш нема да им бидат на прво место: Родените во овој знак се најлош избор за врска или брак

1463
Pexels

Бракот или врската, покрај блискоста и љубовта, подразбира и сочувство со партнерот, разбирање, поддршка и хармонија во односите. Секако дека по некоја кавга тука и таму, е сосем нормална појава, понекогаш дури и конструктивна, сепак не секој ги поседува горенаведените квалитети, ниту секој е способен да воспостави квалитетна врска со својот партнер или брачен другар.

Постојат луѓе кои го прават заедничкиот живот тежок, а верувале или не, на тоа влијаат и ѕвездите. Најголем предизвик да се биде во врска или брак, е со луѓето родени во еден хороскопски знак.

Се работи за Водолиите.
Подготвени се на сѐ, но одат до крајности и тоа се чувствува во секојдневието, а уште повеќе во специфични ситуации, па затоа и ретко кој може да го поднесува, толерира.
Родените во овој хороскопски знак важат за тешки личности, а оваа нивна карактеристика особено се забележува кога ќе се заљубат.

Тие се склони кон екстремно однесување и екстремни реакции кон партнерот и околината, и тогаш кога нема посебна причина за тоа, а уште повеќе доколку постои некој кој тенденциозно или не, е причина за нешто.

Често го навредуваат партнерот. Не простуваат измама, а кога некој ќе им го скрши срцето – тешко него! Но, сепак не е сѐ така црно. И покрај сите маани, Водолиите имаат големо срце и знаат да бидат и одлични партнери и пријатели – за оние кои знаат да се носат со нив.