Русија: 15 луѓе се заробени во рудник за злато по неговото уривање

83
Се претпоставува дека 15 луѓе се заробени во рудник за злато во Амурската област, соопшти вечерва регионалното обвинителство.
Претходно претставник на службите за брза помош за РИА Новости ијзави дека 13 луѓе би можеле да се наоѓаат под урнатините откако дошло до уривање во рудник во Амурската област.
Министерството за вонредни состојби на Руската Федерација појаси дека спасувачите се упатени на местото на инцидентот во општинскиот округ Зеја во Амурската област.
„Обвинителството на округот Зеја организираше увид во врска со уривањето на рудникот. Според првичните информации, под урнатините има 15 луѓе. На местото на несреќата излезе обвнинител на округот Зеја, Магомед Алиев“, се наведува во соопштението на истражниот комитет.