Фото: Петр Стојановски
Вработените во Македонска пошта денеска протестираат поради ненавремената исплата на плата за месец февруари.
Претседателот на синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов, посочи дека протестот на вработените е израз на загриженост за опстанокот на Македонска пошта, како и зачувувањето на нивните работни места.
Покрај тоа што 80 отсто од вработени во Македонска пошта се со просек на минимална плата, Велигденов вели, работодавачот не ја исполнил законската обврска да ги исплати платите во законски предвидениот рок.