И на 72 години уште е мамка за публиката!
Еднаш ми пријде еден маж, фин господин, по концерт и со тажен глас ми рече: „Дојдов на концерт само поради песната ‘Станица Подлугови’, бидејќи во неа е прераскажан целиот мој живот“. Останав без зборови
Големата ексјугословенска ѕвезда, поп-пејачот Здравко Чолиќ, со гордост истакнува дека е миленик на многу жени. Има 72 години, сè уште одлично се држи, а и менталното здравје сосема добро го служи. Никој жив не би му дал толку многу години. Секогаш знае да се облече, па да привлече внимание и со гардеробата. Понекогаш, но ретко е тоа, се случува да го заборави текстот од некоја песна додека е на сцената. Вели дека затоа тука се секогаш неговите огнени обожавателки, кои веднаш го потсетуваат, пеејќи му ја песната.
–
– Така е тоа кај мене. Очигледно се родив како таков. Не можев да избегам од таквиот статус. Каде и да мрднам, жените се околу мене, почнувајќи од дома, сопругата и ќерките, па сè до настапите на кои има најмногу жени во публиката, девојки, дури и девојчиња што доаѓаат со своите мајки.
Женскиот пол е тој што се врзува за моите песни. Секогаш забележувам колку се среќни жените додека им пеам. Јас пеам исклучиво љубовни песни, емотивни, со убави, нежни, носталгични или со весели текстови. Во публиката, во текот на концертот, се појавува и по некој маж, немам ништо против. Има мажи што сакаат да ме слушаат, но ретки се тие. Се пронаоѓаат во некоја од песните.
–
Еднаш, по концерт, ми пријде еден маж, фин господин и со тажен глас ми рече: „Дојдов на концертот само поради песната ‘Станица Подлугови’, бидејќи е прераскажан целиот мој живот во неа“. Останав без зборови. Затоа сите подеднакво ги почитувам, и тие мене, веќе со децении – објасни Чолиќ, кој, како што стојат работите со организацијата, овие пролет и лето нема да пее кај нас во Македонија. Можеби, таму наесен или дури следната зима.
Д.М. фотоа:архива