По впечатливиот успех на „Андрија и Анѓелка”, Анѓелка Стевиќ-Жугиќ се враќа на театарската сцена со својата нова монодрама – „Што повторно ме снајде”, која на 18 март, во салата во Националната опера и балет ќе може премиерно да ја види и македонската публика.

Во ова забавно прикажување, присутните ќе имаат можност да го искусат животот по разводот преку очите на главниот лик, Јованка Јаковљевиќ-Јока.

Со извонредната актерска способност на Анѓелка да ја оживее секоја сцена, оваа претстава ќе ве насмее и ќе ве соочи со реалноста, со низа од различни ликови и ситуации. „Што повторно ме снајде ” претставува вистински шоу за сите генерации.

Анѓелка, пак, со овој забавен настап слатко ќе ве насмее и ќе ви остави непроценливи моменти за споделување. Организатор на настанот е „ЈЕС продукција“.