Во државата лани се затвориле 4.330 фирми

663

Во текот на минатата, 2023 година во државата се затворени 4.330 фирми, покажува анализата на порталот „Пари“. Оваа бројка, сепак е во намалување, особено ако се спореди со 2021 кога биле затворени 6.993 и 2022 година кога престанале да работат 6.857 фирми. Меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка.

Во Скопје во 2023 година се затворени 1.440 фирми. Следуваат Битола со 263, Тетово со 248, Гостивар 198 и Куманово со 182. Со повеќе од сто згаснати фирми во текот на минатата година се уште пет македонски градови: Прилеп 174, Струга 154, Охрид 147, Струмица 133 и Велес 110.