Србија од вчера ја зафатија врнежи од снег кои пристигнаа од Црна Гора каде што претходно имаше многу обилни врнежи низ целата земја. И додека вчера попладне во повеќе делови на Србија врнеше пороен дожд, обилен снег провејуваше на јужните и југозападните планини над 1.500 метри надморска височина.
Снег на повисоките планини се очекува во наредните денови над 1.500 метри надморска височина, додека во среда и четврток поради студеното време се очекува снежната линија да се спушти до 1.000 метри, а температурите да се спуштат под 0°С.
Инаку, сегашната облачна зона со врнежи се движи низ јужна и централна Србија понатаму кон исток, а како дел од циклонот, кој го поместува својот центар северозападно од ова подрачје, што значи дека овој постуден бран ќе ја одмине Македонија.
Околу 20 март се очекува мало заладување со минливи врнежи од дожд, снег само на повисоките планини. Температурите ќе опаднат за 5 до 7 степени.
Самиот почеток на календарската пролет би донел ново затоплување и претежно сончево време со температури околу 20°C.
Така што засега нема знаци дека се очекува некое значително заладување и најави дека Баба Марта ќе донесе зимско сценарио.
Сепак, ќе се менуваат топли и малку посвежи периоди со повремени врнежи.
Температурите вообичаено ќе бидат од 5 до 7 степени над просекот за овој период од годината, а во деновите на заладување температурите ќе се движат околу просечните вредности.
Според досегашните прогнози, во наредниот период не се очекува опасност од мраз, од што корист ќе имаат овоштарите и земјоделците со оглед на тоа што вегетацијата веќе почна да расте.
Според метеоанализата на Славчо Попоски во Македонија нема најави за поголемо заладување на времето!
И покрај променливото време кое го имаме, со повремени и обилни врнежи од дожд, сепак барем според моменталните анализи со кој располагаме и тоа со помош на најпрецизниот прогностички модел (ECMWF) Европски центар за среднорочна прогноза, се до крајот на овој месец не очекуваме некое поголемо заладување на времето, што значи дека земјоделците и овоштарите не треба да стравуваат од можната појава на утрински мразеви, поради тоа што овошките се веќе во фаза на цутење, и тоа особено во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија, пишува Попоски.
Што се однесува до температурите, тие не би се менуваме многу во однос на овие кои ги имаме сега, тие би се искачувале речиси насекаде над 10 степени, понекаде и до околу 15 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурата локално ќе се искачи и до околу 20 степени, пишува Славчо Попоски.