Големи мераци да бидат пратеници!

Се одбиваат директорски позиции за пратенички фотелји. Според неофицијални информации, до тој степен е атрактивна пратеничката функција. Во ек на креирањето на пратеничките листи во партиите, партиските членови најголеми амбиции покажуваат токму за влез во Собранието. За голем дел од членството да се биде народен избраник, со сите привилегии што ги носи оваа позиција, е прв избор. И лидерот на СДСМ и доскорешен премиер Димитар Ковачевски потврди дека во партијата има над 1000 потенцијални кандидати предложени од општинските организации од кој што 600 имаат поднесено кандидатури. По сите анализи, и во опозициската ВМРО-ДПМНЕ листите ќе бидат познати до крајот на овој месец, каде исто така имало голем интерес за влез на пратеничката листа. Иако и од движењето ЗНАМ за наша Македонија на кандидатот за претседател Максим Димитриевски, исто така најавија дека ќе имаат пратенички листи во сите шест изборни единици, и оттаму не обелоденуваат кои ќе бидат носителите. Во албанскиот политички блок, пак, битката за пратеник повеќе ќе се води помеѓу опозицискиот фронт „Вреди“ и контрафронтот што го најави владејачката ДУИ, заедно со Зијадин Села, Мендух Тачи, Аријанит Хоџа и Скендер Реџепи.

216

Се одбиваат директорски позиции за пратенички фотелји. Според неофицијални информации, до тој степен е атрактивна пратеничката функција. Во ек на креирањето на пратеничките листи во партиите, партиските членови најголеми амбиции покажуваат токму за влез во Собранието. За голем дел од членството да се биде народен избраник, со сите привилегии што ги носи оваа позиција, е прв избор. И лидерот на СДСМ и доскорешен премиер Димитар Ковачевски потврди дека во партијата има над 1000 потенцијални кандидати предложени од општинските организации од кој што 600 имаат поднесено кандидатури. Сепак, Ковачевски најави дека дури за две до три недели СДСМ и Коалицијата ќе го заокружат процесот на формирање на листите за народни избраници и потврди дека СДСМ ќе има носители во сите шест изборни единици.

-Во моментов тече постапката за номинирање на кандидати на пратеничките листи.  Можам да кажам дека имаме над илјада потенцијални кандидати предложени од општинските организации од кои околу 600 имаат поднесено кандидатури и во моментов секретаријатот на партијата работи на комуникација со општинските организации на првичната селекција и потоа настапува постапката на раководството на извршниот одбор и кога ќе бидат точно одредени кандидатите кои ќе бидат на пратеничките листи,  се разбира и разговори со коалиционите партнери во однос на распределбата на конкретни места, изјави Ковачевски.

Раководствата не брзаат со одлуките. По сите анализи, и во опозициската ВМРО-ДПМНЕ листите ќе бидат познати до крајот на овој месец, каде исто така имало голем интерес за влез на пратеничката листа. Она што засега се знае е дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски ќе биде носител во првата изборна едница. Местата за носители во останатите изборни единици, најверојатно ќе бидат резервирани за потпретседателите и генералниот секретар на партијата.

За втората изборна единица се споменува името на потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски, за третата на Драган Ковачки, додека носител на четворката најверојатно ќе биде потпретседателот Александар Николоски. За петата изборна единица, во партиските кулоари се споменува името на генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски, а во шестката прва на ливчето ќе биде жена – потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска или пратеничката Дафина Стојановска.

Од движењето ЗНАМ за наша Македонија на кандидатот за претседател Максим Димитриевски, исто така најавија дека ќе имаат пратенички листи во сите шест изборни единици. И од ЗНАМ не обелоденуваат кои ќе бидат носителите. Генералниот секретар на партијата Горан Минчев, за кој се шпекулира дека ќе биде носител, ниту ја демантираше, ниту ја потврди ваквата информација.

 -Тече процедурата во нашите општински организации за предлагање на можни кандидати за пратеници. Во овој момент јас сум шеф на изборниот штаб, главната преокупација ми е да ја направиме штабската работа и организација како што треба, а подоцна за сите одлуки ќе бидете информирани. Одлуките ќе ги донесе раководството на партијата, изјави Минчев во вторникот.

Во албанскиот политички блок, пак, битката за пратеник повеќе ќе се води помеѓу опозицискиот фронт „Вреди“ и контрафронтот што го најави владејачката ДУИ, заедно со крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците, ДПА на Мендух Тачи, партијата на Аријанит Хоџа – ЕДП и Народното движење на Скендер Реџепи. Од албанската опозициска коалиција порачаа дека контрафронтот нема да ги расцепка гласовите на Албанците, туку со ваквото групирање, на гласачите, кои сега се манипулирани од одредени партии дека сакаат самостоен настап на изборите, само ќе им бидат појасни позициите.

– Нека се соединат, со тоа на изборите кај Албанците ќе има два блока, па така ние ќе ги победиме сите заедно. Нема да се распарчи албанскиот глас. Очекуваме да излезат со заеднички листи. Тоа ќе ги разоткрие кај гласачите, зашто цело време некои субјекти велат дека сакаат сами да излезат на избори, а сега доаѓаме во ситуација кога ќе ги видиме како ќе излезат со една листа, порачаа од „Вреди“.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, е оптимист и очекува здружената албанска опозиција да освои петмина пратеници повеќе од моментално владејачката ДУИ. (В.С.Н.)