Зима е и периодот кога се дебелееме и јадеме мрсна храна, па ни треба нешто како зелена лимонада да не исчисти.
Доколку не сте по радикални диети и тренинзи, доволно е да промените една навика, а тоа е утринската, за да го aктивирате метаболизмот и да почнете да губите килограми. Станува збор за напиток направен од само 3 состојки – магдонос, спирулина и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, ќе ја елиминира надуеноста, ќе го поттикне мочниот меур почесто да исфрла вода и затоа ќе изгубите тежина, односно ќе изгледате послаби. Најдобро од сè, состојките се многу евтини и потребни ви се само 5 минути за да се подготвите.
Состојки:
1 лимон
60 гр магдонос
1 лажичка спирулина
60 ml вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода и додадете една лажичка спирулина.
Консумација:
Овој напиток секогаш пијте го на празен стомак. Консумирајте по една шолја дневно 6 дена, па направете 10-дневна пауза, па можете да започнете повторно.
Многу е важно како ќе го започнете денот, а за вашето тело ќе биде покорисно наутро наместо кафе на работа да пиете чај од магдонос и лимон. Резултатите ќе ги забележите веќе по еден месец.