УАПСЕНИ СЕ ТРОЈЦА МАЖИ ВО БРИТАНИЈА: Планирале терористички напад

42
EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Тројца мажи се обвинети за планирање терористички напад по истрага за „активности на екстремната десница“, соопшти британската полиција.

Полицијата за борба против тероризмот (CTPNE) известува дека Броган Стјуар од Лидс (24), Марко Пицету од Дерибје (24) и Кристофер Рингроуз од Канок (33) се обвинети за подготовка на терористички чин. Нивното судење ќе се одржи денеска во судот во Вестминстер, пренесува Sky News.

Лицата биле уапсени на 20 февруари. Домовите на тројцата мажи се претресени како дел од планираната истрага што е поттикната од информациите собрани од разузнавачите. Четвртиот човек од Лестер е ослободен без обвинение. Минатата недела им бил продолжен притворот, соопшти полицијата.