Според анализите на ИЈЗ за една недела се пријавени 1.384  случаи на заболени од грип, што е за 26,2% помалку во споредба со претходната недела  кога имаше 1.875 грипосани. Комисијата за заразни болести пикот на сезонскиот грипот го очекува за последната недела од месец февруари и почетокот на март. Но, бројките како да не го потврдуваат тоа, особено што опаѓа и бројот на заразени со ковид-19. Лекарите од ИЈЗ постетуваат дека ако се анализира овој период со последните 13 сезони на грип  намалување на заразените е за речиси 50 отсто.

 

Во Македонија како да стивнува бројот на  болни од грип. За една недела се пријавени 1.384  случаи на заболени од грип, што е за 26,2% помалку во споредба со претходната недела  кога имаше 1.875 грипосани.Ова се последните анализи на ИЈЗ  што се однесуваат за 7-мата недела во 2024 година.

Комисијата за заразни болести пикот на сезонскиот грипот го очекува за идната (последна) недела од февруари и почетокот на март. Но, бројките како да не го потврдуваат тоа, особено што опаѓа и бројот на заразени со ковид-19. Лекарите од ИЈЗ постетуваат дека ако се анализира овој период со последните 13 сезони на грип  намалување на заразените е за речиси 50 отсто. Годинава во земјава има најголем број на вакцинирани со четиривалентна вакцина, вкупно 61.702 лица со бесплатна и дел со комерцијалната вакцина, па некој од лекарите сметаат дека тоа е причината што грипот не се “разгоре” како што се очекуваше.

-Во текот на 7-ма извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 32 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и ковид 19. Од нив детектирани се 3 позитивни случаи на грип и  два пациенти со ковид- велат од ИЈЗ и дополнуваат дека 781 лице се на возраст од 15-64 години, 341 кај деца на возраст од 5-14 години, 143 кај лица на возраст над 65 години и 119 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години.

Неделава што измина највисока инциденца е регистрира кај децата на возраст од 5- 14 години. И овој период најмногу од заразените се во Кавадарци – 302, Струмица – 177 и Скопје – 151 лица со грип.

Битката со инфлуенца досега ја изгубија 9 пациенти од кои што четворица се  од Скопје и по едно лице од Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип.Пет  лица пд починатите се од возрасната група од 15 до 64 години и четири од возрасната група на лица над 65 години.

-Сите хоспитализирани, со коморбидитети и невакцинирани против сезонски грип. Кај осум лица е докажан  грип од типот А(Н1) , а кај едно грип од типот А- велат од ИЈЗ.

Оваа сезоната вкупниот број на случаи на грип во Македонија достигнал 11.921 лица,а во споредба со истиот период од минатата сезона кога бил 7.321 инфицирани, бројот на пријавени случаи е зголемен за 62,8%, додека во однос на моделот од последните 13 сезони има намалување од 10 %. Најголем број на заболени лица (n=1.638) се регистрирани на територијата на Скопје. Регистрирани се и 14 позитивни случаи на ковид-19-велат од ИЈЗ.

Во текот на месец јануари, пријавени се вкупно 187 случаи на ковид-19, според податоците на ИЈЗ. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јануари, пријавени се вкупно 350.503 потврдени случаи на ковид-19 и 9.976 смртни случаи.

Месечна анализа: Во јануари 903 лица  заразени со овчи сипаници

Во текот на првиот месец од годинава во земјава пријавени се вкупно 1.182 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 64,4 на 100.000 жители.

Во текот на јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 23,8 отсто, во однос на претходниот месец, декември 2023 година, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014–2023, за 16,7 проценти. Во однос на јануари 2023, се бележи зголемување за 5,3 отсто, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на центрите за јавно здравје (ЦЈЗ) е пријавен на територија на ЦЈЗ Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ Охрид.Во јануари најмногу има заболени со овчи сипаници, вкупно 903 пријавени лица. На второ место по број на пријавени заболени во месец јануари се ентероколити, со 163 случаи.

Од заушки заболело 19-годишно лице од Кичево

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, се регистрирани четири заболени лица и тоа пријавени се по два случаја на вирусен хепатитис Б и инфекција со хламидија.Како што стои во месечната анализа на ИЈЗ пријавени се три случаи потврдени на ХИВ, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 31 јануари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 639 и тоа: 126 лица починале, 513 живеат со ХИВ/СИДА.

Регистрирани се и по два случаја на вирусен хепатитис Б и пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во земјава не се вакцинирани.Дијагнозата е потврдена лабораториски. Еден случај на заразни заушки е регистриран во Кичево, кај лице на возраст од 19 години, вакцинирано, а дијагнозата е потврдена клинички, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на месец јануари, пристигнати се две пријави за заразно заболување за салмонелоза кај странски државјанин од САД и алиментарна интоксикација кај странски државјанин од Словенија, кои престојувале во државава.

(В.Ма.)