Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ за претседател на Македонија

43

Максим Димитриевски ќе биде кандидат за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Oд утре партијата почнува постапката за собирање потписи.

Според портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, на Македонија ѝ треба татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата.

-На Македонија ѝ треба надеж, стабилност, сигурност, правда и иднина. Претседател кој ќе го даде максимумот за земјата. За првпат граѓаните ќе имаат можност да го дадат својот глас за одредена опција, а не како досега да гласаат против, рече Мемов на прес-конференција.

Од утре ќе почнат да собираат потписи за кандидатурата на Димитриевски кој е седмиот кандидат за претседател на изборите кои ќе се одржат на 24 април.