Израелскиот парламент Кнесет денеска еднострано одлучи да не го признае формирањето на палестинска држава.
За оваа одлука гласаа 99 пратеници, а против беа девет, пренесува Jerusalem Post.
„Израел ќе продолжи да се спротивставува на едностраното признавање на палестинската држава. Таквото признавање по масакрот на 7 октомври ќе биде голема награда за тероризмот кој беше без преседан и ќе претставува пречка за секој иден мировен договор“, се вели во соопштението.