Високо рангиран командант на либанскиот Хезболах е убиен во воздушен напад на израелските сили врз либанскиот град Набатие, соопшти израелската армија.
Во соопштението се наведува дека во нападот загинале командантот на елитните сили „Радван“, неговиот заменик и уште еден борец.
Армијата ги идентификуваше командантот и заменикот како Али Мухамед Алдбас и Ибрахим Иса.
Според војската, Алдбас помогнал во организирањето на бомбашки напад во северен Израел минатата година и бил вклучен во прекугранични борби од октомври.