Бруно се закани

120

Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Њукасл откри дека бразилскиот интернационалец, Бруно Гимараеш, ќе побара да биде продаден за време на летниот преоден рок доколку неговиот тим не обезбеди пласман во Лигата на шампиони. Во неговиот договор има и ослободителна клаузула која се активира со понуда од 100 мил. евра, а интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Ливерпул и Челзи.