Легендарниот српски кошаркар, Жарко Паспаљ, бил опериран од срце и сега е надвор од животна опасност. Поранешниот кошаркар има освоено бројни медали со репрезентацијата на Југославија, бил итно хоспитализиран во болница поради аритмија. Операцијата врз 57-годишниот Паспаљ била направена во понеделникот, а во наредните денови ќе остане на интензивна нега поради претпазливост.

Паспаљ беше светски шампион со Југославија во 1990 година и трикратен европски во 1989, 1991 и 1995 година. Ова не е негов прв голем здравствен проблем, бидејќи во 2001 имал два сериозни срцеви удари, а во ноември 2017 имал и мозочен удар.