Македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваат тежок противник на стартот од квалификациите за Евробаскетот во 2025 г. и меч со селекцијата на Естонија во Скопје. Ривалот веќе го откри списокот со повикани кошаркари.
Селекторот на Естонија, Јука Тоијала, го објави списокот со кошаркари, каде што се најдоа двајца играчи на евролигашот Басконија, Маик Калев Котсар и Сандер Раиесте.
Натпреварот меѓу Македонија и Естонија ќе се одигра на 23 февруари, во СРЦ „Кале“, со почеток во 19 часот.