Се санира дел од улицата „Радушка“, од последна „5“ до гробиштата

52

Градежни активности за реконструкција се одвиваат на улицата „Радушка“ во делот од од последната автобуска станица на линијата со број „5 “ до гробиштата,  во должина од 490 метри.

-По долгогодишни барања од граѓаните, освен што во овој дел на Ѓорче Петров поставивме нова фекална и атмосферска канализација, на оваа улица работевме и на реконструкција на краци, како и на поставување нови тротоари – информираше  градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој додаде дека граѓаните од Дексион долги години упатувале барања до Општина Ѓорче Петров за санација и репарација на ул.„Радушка“ онаму каде што тоа било неопходно.

 -Ние веднаш одговоривме на нивните барања и излеговме на терен. Точно е дека имаше итна и неодложна потреба за интервенција и токму затоа се уште сме на терен на „Радушка“ – истакна Стојкоски.

Проектот за реконструкција на патот од последна „5 “ до гробиштата кој е во соработка со Министерството за транспорт и врски е во вредност од 17.400.000 денари.