Војо Стојаноски живее во нас и поради македонската патриотска „Една мисла имаме“ – Легенда што трае!

619

Да беше физички жив, денеса ќе го прославеше својот роденден, не е важно кој по ред. Легендарниот македонски фолк-пејач Војо Стојановски е роден во 1949 година, во селото Букојчани, Кичевско. Рано почина, по кратко и тешко боледување (во 2014 година), оставајќи голем број македонски песни, кои станаа евергрини, а кои денес, на своите концерти, ги пее неговиот наследник, пејачот Дамјан Стојаноски.                  На задоволство на публиката, но и на новинарите.

Со иста радост и патриотска емоција во гласот, со исти сили, сите вљубеници во македонската народна песна исто така ги пеат неговите незаборавни хитови: „Ти донесов млада невеста“, „Се собрале комитите“, „Мила Македонијо“, „Свадба голема“, „Суводолица“, како и најпопуларната – „Една мисла имаме“ (…„каде и да одиш, каде и да шеташ, не се срами, не се плаши, Македонец да си. Една мисла имаме, еден живот живееме, Македонија цела да е, секој да ја знае. Ние не сме Грци, Бугари, ни Срби, чеда сме на Александар, гордост македонска. Еден живот живееме…).

Во текот на својата плодна естрадна кариера, сними плочи и касети за загрепски „Југотон“ и за белградски „Југодиск“, кои се продаваа во златни тиражи. Негова сопруга е познатата поранешна новинарка, сега пензионерка. Имаат и златни внучиња. Не така одамна, беше објавен неговиот компилациски албум „Моја Македонијо“, со патриотски песни. Тој содржи 19 мелодии, кои ги пееше Војо на фестивалот „Гоце фест“ и за кои често беше наградуван од публиката.    Д.М.