Репрезентацијата на Шпанија имаше лош настап на Европското првенство во Германија и беше елиминирана уште во групната фаза. Шпанија за ривал во баражот за пласман на Мундијалот следната година ја доби Србија, која исто така имаше неуспешен настап на континенталниот собир.

Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, на Србија гледа како ривал по мерка и полесна шанса за пласман на Светското првенство 2025.

-Не мора сè да се менува поради еден лош резултат. Со оглед на ждрепката во последно време го очекував најлошото, ждрепката секогаш е насочена, некои репрезентации профитираат, други страдаат. Не можеш да зборуваш за правда или неправда, бидејќи ти сам ги создаваш резултатите, истакна Рибера

Искусниот стратег со неговите избраници преку квалификации ќе бркаат и пласман на Олимписките игри во Париз.