Џафери во родното Форино пречекан со извици „Илирида“ и „Косово“/ВИДЕО

1176
screenshot TikTok

Техничкиот премиер Талат Џафери беше пречекан во неговото родно село Форино со извици „Илирида“, Чемерија“ и „Косово“.

Едно видео од дочекот на техничкиот премиер Џафери, а кој беше организиран од неговите соселани, се појави на социјалните мрежи. На таа снимка се гледа дека жителите на Форино имаат формирано кордон со факели од двете страни на улицата, а тоа се случува во време кога конвојот од полициски возила и обезбедувањето на Џафери минуваат низ улицата.

-Народ извикуваше Илирида, Чемерија., Косово.., ама не и Македонија, чиј премиер е Џафери?

-Требало да реагира, бидејќи тој не може да биде премиер на тие непостоечки творби, зашто се сонувани.

-Реагираше ли Владата? се наведуваа во дел од рекциите  на социјлните мрежи.

Инаку, претходните денови беше објавено и видео за тоа како претседателот на ДУИ Али Ахмети во неговиот кабинет го слави назначувањето на Талат Џафери  како технички премиер при што неговите сопртијци и неколкумина гости од Косово  носеа црвени вратоврски на кои пишуваше премиер Албанец, а славењето беше придружено со виски и цигари.