Капитенот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Мануел Нојер, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека клупските челници би немале ништо против доколку Јурген Клоп седне во тренерското столче. Таквата негова изјава доби на значење поради фактот дека актуелниот тренер на Баерн (М), Томас Тухел, има долгогодишен договор и нема најави за некаков отказ.