По три порази во низа, тимот на Пелистер повторно славеше во АБА2-лигата, откако на балонот во Нови Сад беше подобар од Шибенка со 85:78, по продолжение. Во регуларниот дел беше 69:69. Најефикасен во битолскиот состав беше босанскиот интернационалец Јуре Планиниќ, кој го заврши натпреварот со 26 поени, додавајќи 14 скока и две асистенции. Ова е трета победа по осум кола за Пелистер.

Од друга страна, ТФТ Скопје претрпи пораз од Суботица со 93:64, за осми пораз по девет меча.

Tимот на Пелистер утре ќе се соочи со Хелиос Домжале, МЗТ против Шибенка, додека во сабота ТФТ за противник ќе го има Шенчур.