Поранешниот играч на Арсенал и на Ливерпул, Џермејн Пенант (41), ќе мора да го напушти домот, и тоа за многу брзо време.
Тој неодамна прогласи банкрот, а воедно загуби и многу сакани, меѓу кои и својата девојка Џес Импијаци, со која беше две години.
Актерката и ТВ-ѕвезда беше покрај него кога сите други кренаа раце. Но, и таа сфати каков човек е, па го остави. Разделбата дојде откога дозна дека ја изневерувал со друга девојка, во хотел на Ибица, каде што бил на одмор минатиот мај.
Џес (34) извесен период се обидуваше да заборави на сè, верувајќи дека ќе се промени нешто, но очигледно ѝ дојде преку глава. Како што пишува британски „Сан“, таа му дала рок до среда да се исели и да најде ново живеалиште.