Сменета директорката Милена Стевановиќ, со Инфективна ќе раководи Фадил Цана од АА

320

Инфективната клиника има нов директор, потврдуваат од Министерството за здравство за МИА. На местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ за нов директор е назначен д-р Фадил Цана, инфектолог на клиниката.

Засега нема официјални информации зошто е сменета Стевановиќ, кадар од редовите на СДСМ, која раководеше со клиниката седум години, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со Ковид – 19.

На клиниката за инфективни болести потврдија дека деновиве починала 20-годишна девојка како последица на грип. Ова е седми смртен случај како последица од грип оваа сезона.