Град Скопје избира експерти за изработка на физибилити студија и RoadMap за циркуларна економија

366

Според јавниот повик што го распиша Град Скопје, за подготовка на документите, потребно е да се ангажираат седуммина експерти, од кои двајца од областа на организациските науки, еден од областа на животната средина (циркуларна економија), двајца од областа на техничките науки, еден за финансиските анализи од областа на циркуларната економија и креирањето бизнис-модел и еден ЕИА-експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина. Вкупниот буџет за реализација е 13 милиони евра бруто-надоместок, од кои 5.000 евра се предвидени за физибилити студијата, а 8.000 евра за RoadMap. Рокот за аплицирање е до 1 февруари 2024 година. Целта на овој проект е да се подобрат и да се зголемат капацитетите на Град Скопје за транзиција кон циркуларна економија и повторна употреба на градежниот отпад, преку идентификација на дивите депонии, нивно следење и интервенција за нивно затворање, како и повторна употреба на преработениот шут

 

Со грант за надворешни акции од ЕУ, Град Скопје, како координатор, во соработка со ЈП Депонија „Дрисла“, ќе го реализира проектот „RE- Construct“ („Повторна употреба и управување со градежен отпад и шут од рушење“).

Целта на овој проект е да се подобрат и да се зголемат капацитетите на Град Скопје за транзиција кон циркуларна економија и повторна употреба на градежниот отпад, преку идентификација на дивите депонии, нивно следење и интервенција за нивно затворање, како и повторна употреба на преработениот шут.

За таа цел, Град Скопје распиша јавен повик за избор на експерти за изработка на физибилити студија и RoadMap за циркуларна економија.

За подготовка на документите, потребно е да се ангажираат седуммина експерти, од кои двајца од областа на организациските науки, еден од областа на животната средина (циркуларна економија), двајца од областа на техничките науки, еден за финансиските анализи од областа на циркуларната економија и креирање бизнис-модел и еден ЕИА-експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина.

Експертите ќе имаат задача да ги подготват двата клучни документа, поточно физибилити студија за можностите за преработка на градежниот отпад во Скопскиот Плански Регион и искористување на секундарните материјали добиени од процесот и RoadMap за циркуларна економија и модел на циркуларна економија за употреба на градежен шут за Скопскиот Плански Регион.

Според јавниот повик, физибилити студијата треба да одговори на тоа каква е постојната ситуација во Скопскиот Регион со градежен шут, воведување пилот организациска единица за обработка на градежниот шут, организациска структура на ЈП Депонија „Дрисла“ за обработка на градежниот шут, тековна техничка поставеност, постојни и предложени станици – депонија, систем за плаќања за DCW-услуга, тарифи, стапки на наплата, моментална финансиска состојба, вид и обем на отпадот собран од дивите депонии, како и вид и тип на машините и на опремата достапни на пазарот, кои се користат за ваква намена и соодветно транспортно возило за собраниот отпад од депониите до ЈП Депонија „Дрисла“. Потоа, технички карактеристики на дробилката и критериумите што треба да ги исполнува таа за да ги задоволува стандардите за процесирање отпад во линија, со целите од физибилити студијата, како и анализа на цените на пазарот и компаративните искуства за да се обезбеди технички неутрален повик за набавка на ваква машина, како и истите параметри за транспортното возило за отпадот.

Освен тоа, потребна е еколошка, социјална, правна и институционална средина, вклучувајќи и мастер план за депонија за градежен шут во Скопскиот Регион, анализа на состојбата на меѓуопштинската соработка во Скопскиот Регион, креирање бизнис-модел за собирање и обработка на градежниот шут, анализа на засегнатите страни на предложениот бизнис-модел, делегација во општините за заедничко управување со отпадот, формирање меѓуопштинско здружение, кластер за циркуларна економија, како и институционална поставеност за сценарија за соработка.

Целта на RoadMap за циркуларна економија за Град Скопје е да им служи на сите засегнати страни, на Град Скопје да го подобри квалитетот на животот, да ги мотивира оние што донесуваат важни економски одлуки да инкорпорираат циркуларните деловни модели за да го подобрат квалитетот на својата работа, да го прошират и да го зголемат бројот на можности за вработување и да се стимулира културната еволуција.

Вкупниот буџет за реализација е 13 милиони евра бруто-надоместок, од кои 5.000 евра се предвидени за физибилити студијата, а 8.000 евра за RoadMap.

Рокот за аплицирање е до 1 февруари 2024 година.

(А.П.)