Премиерот Димитар Ковачевски, вчера, во изјава за медиумите рече дека е на страната на Сојузот на синдикати на Македонија, кој на вонредна прес-конференција побара одговорност од Врховниот суд, доколку се точни информациите дека е донесена пресуда со која им се одзема работничкиот дом.
– Јас сум член на Синдикатот од 1999 година и сум 100-процентно на страната на ССМ. Да живее Синдикатот и да живеат работниците и работниот народ на Република Северна Македонија, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почетокот на градба на логистичко-дистрибутивниот центар на ЛИДЛ во земјава.
За пресудата на Врховниот суд, Ковачевски упати одговорите да се бараат таму.
– Јас никогаш не коментирам судски одлуки, меѓутоа јас сум на страната на ССМ, рече Ковачевски.