ЗАМИСЛЕТЕ СИ ЖЕЛБА НА ПОЛНОЌ: На Богојавленската ноќ се отвора небото

5422

Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, затоа што на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. На Богојавление, на реката Јордан, за прв пат беше објавена тајната на Света Троица и за прв пат заедно се јавија Отецот, Синот и Светиот Дух, кои во вид на гулаб во моментот на крштевањето слетале на главата на Исус Христос.

Се верува дека за Водици небото се отвора, и дека сите желби се остваруваат. На овој ден, исто така, во црквите и храмовите се осветува вода, која се внесува во куќата за здравје и благосостојба на домаќинството и се чува до следниот Водици.

Исто така, на Водици во секој град се одржува традиционално капење за Богојавленскиот крст. Се верува дека младите девојки можат да сонуваат за својот иден сопруг на овој ден со ставање огледало под перницата во пресрет на Водици.

Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Божана, Бојан, Бонка, Богомил (значи мил на Бога), Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Дарин, Јован, Јованка, Јонко, Јонка, Јоана…